Свет
Шевченко лут по конгресот на УЕФА: Не добив доволно гласови поради политички причини

Последниот конгрес на УЕФА во Белград донесе гласање и за составот на новиот Извршен комитет на федерацијата како негово најважно одлучувачко тело, а своето место во него го загуби Украина.
За разлика од Шпанија, која доби друг претставник на местото на претходниот претседател на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, местото на Украинците му припадна на првиот човек на Израелската фудбалска федерација, Моше Зуарес.
Епилогот е изненадувачки ако се знае дека украински кандидат беше легендарниот Андриј Шевченко, кој добил само 15 гласови од делегатите, по што обвини за политичка позадина на изборот.
Украинците објавија официјално соопштение, пренесувајќи ја изјавата на некогашниот напаѓач на Динамо Киев, Милан и Челси.
– Во текот на мојот живот и кариера, следев еден основен принцип – спортскиот. Верувам во фер, отворена и транспарентна конкуренција. Доаѓам од фудбалот и се залагам за фудбалот.
– За жал, последните неколку дена добивме јасни сигнали дека – поради политички фактори – и Украина и јас лично не сме добредојдени во раководството на УЕФА. Оваа загриженост ја потврдија и настаните што следеа за време на самиот конгрес, – вели Шевченко во дел од соопштението.
-
Шпанија22 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА18 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА21 час
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони19 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…
-
Англија16 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Англија17 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Кафу го одобри најавениот трансфер на Реал: И за мене велеа дека не сум добар во дефанзива…..