Поврзете се со нас

Меѓународни настани

Литлер испиша историја и стана најмлад светски шампион во пикадо

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Лук Литлер стана пикадо сензација уште пред една година кога настапи на Светското првенство на само 16 години, но откако првото негово незаборавно патување заврши со пораз во финалето, овојпат направи исчекор и испиша историја.

Англискиот пикадо мајстор издоминира во финалето и стана најмлад светски шампион на 17-годишна возраст, надминувајќи го рекордот кој досега го држеше неговиот ривал во финалето.

Тинејџерот не му даде никаква шанса на трикратниот светски првак Михаел Ван Гервен, па откако поведе со 4:0 во сетови, беше јасно дека се е на негова страна да стигне до голема победа.

На крајот, Литлер славеше со 7:3 и испиша пикадо историја во Лондон, а покрај престижниот трофеј кој го освои, си осигура и заработка од 500 илјади фунти.

Доминантниот настап во финалето јасно стави до знаење дека Литлер полека се претвора во најдобар игрча меѓу пикадо елитата, а тоа го направи против човекот кој до вчера беше најмлад шампион во историјата со подвигот кој го направи на 24 години пред една деценија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни