Формула 1
Големи возбудувања на Сузука: Ферстапен на чудесен начин му ја „украде“ пол-позицијата на Норис (Видео)

Макс Ферстапен веќе подолго време го нема најдобриот болид во Формула 1, но четирикратниот светски шампион и натаму е возачот кој прикажува убедливо најдобри перформанси.
Потврда за тоа се и денешните квалификации за Големата награда на Јапонија, кои на крајот кулминираа со неверојатна драма во завршните моменти.
Ферстапен успеа да му ја „украде“ пол позицијата на Ландо Норис и беше побрз за само 0,012 секунди во својот последен чудесен обид, а уште подобра вест беше тоа што неговото време не успеа да го поправи Оскар Пјастри.
Макс со неверојатен круг успеа да ја анулира доминацијата на Мекларен и се избори за прво место пред утрешната големата трка на Сузука, патека на која очигледно ќе гледаме големи возбудувања.
По импресивното издание, Макс на големо го славеше триумфот преку тимското радио, а по квалификациите посака трка без дожд поради добрите перформанси кои ги прикажа и на суво.
Зад водечката тројка, утре во вториот ред ќе стартува и Шарл Леклер од Ферари како четвртопласиран, додека меѓу првите 10 се најдоа уште Расел, Антонели, Хаџар, Хамилтон, Албон и Берман.
WHAT A SESSION!
Max Verstappen. Take. A. Bow.#F1 #JapaneseGP pic.twitter.com/w72EgQ5ICD
— Formula 1 (@F1) April 5, 2025
Listen to that roar!
Max Verstappen is on POLE#F1 #JapaneseGP pic.twitter.com/s8LtjOWFms
— Formula 1 (@F1) April 5, 2025
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан24 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони