Поврзете се со нас

Олимписки игри

Дурент провокативен, Пешиќ издоминира во трејлерот за документарецот за кошаркарскиот турнир на ОИ во Париз

Објавено

на

Кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз донесе навистина многу возбудливи и неизвесни моменти, па иако Американците стигнаа до златото, успехот го остварија на многу тежок начин.

Натпреварите со Србија и Франција донесоа голема драма, но целиот турнир донесе и многу други интересни моменти, кои „Нетфликс“ ќе ги прикаже во свој стил, во специјален документарец.

Истиот ќе може да се гледа на стриминг сервисот од 18. февруари, а сега е најавен со трејлер во кој зборуваат дел од големите ѕвезди и селекторите, при што веднаш внимание привлекува говорот на Светислав Пешиќ.

Српскиот селектор ги мотивирал своите кошаркари на интересен начин, а српската репрезентација на крајот гордо ги носеше бронзените медали.

– Овде никој нема респект кон нас. Излезете и победете, – им потенцира популарниот „Кари“ на Јокиќ и компанија.

Кевин Дурент не отстапи од својот начин на комуникација и во овој документарец, па неговите зборови дефинитивно ќе предизвикаат многу коментари и дебати.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни