Поврзете се со нас

Македонија

Тадиќ испорача трипл-дабл, Куманово сигурен против Вардар

Објавено

на

Екипата на МКК Куманово дојде до 14. сезонска победа во Првата лига и тоа во пресметката со Вардар која ја реализираше со резултат 74:57.

Избраниците на Докузовски беа апсолутини фаворити на овој меч, статус кој беше оправдан и на теренот каде кумановци ги добија во своја полза сите четири четвртини.

Куманово водеше со 36:31 по 20 минути игра, предност од 57:43 по три четвртини за за на крајот слави со 17 разлика.

Радукиќ и Луковиќ со 20 и 19 кошеви беа најрасположени кога е во прашање листата на стрелци, но Тадиќ беше тој што забележа трипл-дабл од 12 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Најсветла точка кај вардарци беше капитенот Бајрам со 18 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни