Пливање
Весна Стојановска: Продолжив со пливањето бидејќи го сакам, медалите едноставно се случија
Весна Стојановска – Шелнат е пливачка која во своите најдобри јуниорски денови настапуваше за Македонија на неколку Олимписки игри, но откако животниот пат ја однесе во САД заради студиите, со настапите на највисоко ниво заврши околу 2006 година.
Сепак, таа веќе подолг период повторно е активна и во февруари оваа година успеа да стигне до златен медал на Светското првенство во Доха, но во својата возрасна категорија, а ова лето го искористи за повеќе настапи, при што од резултатски аспект, направи и `ршум на Европското првенство во Белград, од каде си замина со седум медали.
ДЕРБИ: Неочекувано за многумина, повторно те гледаме во базените, и тоа со мошне успешни резултати во 2024 година. Како ретко кој друг наш пливач, им се врати на настапите и тоа во конкуренција на сениори, односно во твојата возрасна категорија …
– Годинава ги започнав настапите кога се одржуваа и националните екипни првенства во Индијанаполис. Имам 39 години, а постои таканаречен „Мастерс“ категорија за пливачи од 35 до 39 години и настапив во неа. Од прва успеав да го соборам рекордот на Џорџија на 200 пеперутка во оваа старосна категорија. Сакав да пливам уште две други дисциплини (400 мешано и 1650 краул) каде што исто така сметав дека можам да направам добри резултати, но морав да отпатувам за Белград, каде што се одржуваше Европското првенство. Лани за прв пат настапив на Светското првенство во Доха и резултатите ме охрабрија да продолжам, го сакам пливањето и затоа продолжив.
ДЕРБИ: На ова натпреварување пливаше под знамето на Македонија?
– Во Белград пливав на официјалното Европско првенство, каде што настапуваат повозрасни пливачи во своите старосни категории. Јас пливав во седум дисциплини, на 200, 400 и 800 краул, потоа на 100 и 200 метри пеперутка и во отворени води на 1,5 км и 3 км. Бев прво место на 100 и 200 метри пеперутка, потоа на 200 и 800 метри слободно, додека на 400 метри слободно го освоив второто место. Во трките на 1,5 и 3 километри бев трета. Овие настапи многу ме заморија, не бев најзадоволна со некои постигнувања, но што е тука е, сепак четири златни медали, една сребрена и две бронзени укажуваат дека настапот бил успешен. Бидејќи доаѓав во Европа, логично ми беше да се пријавам за настап од Македонија.
ДЕРБИ: Но исто така се активираше и во трките на долги дистанци, па имаше настапи и меѓу маратонците?
– Во јуни победив на националното првенство на САД во отворени води: победив во трката која се пливаше на езеро со должина од 10 километри, во апсолутна категорија, значи прво место од сите учесници, и млади и возрасни, и мажи и жени. Имав време од 2 часа и 33 минути. Потоа, на крајот од јули пливав и на трката во Лејк Тахо која се бодува за Ултрамаратон свим серијата. Должината беше некаде 15,5 километри, повторно победив во сите категории со време од 4 часа, 11 минути и 14 секунди. Порано тука пливав како дел од штафета, а од пред три години дозволија соло настапи и јас се охрабрив да пливам сама. На крајот имав резултати за меѓу први 20-30 штафети, а имаше вкупно негде околу 250 штафети. Во моментов се фокусирам на плановите за 2025 година!
-
Лига на шампионипред 12 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Шпанијапред 14 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува
-
Шпанијапред 13 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
Мото ГПпред 23 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 11 часа
Роналдо за очекувањата од Мбапе: Реал Мадрид е поинаква приказна од ПСЖ
-
Англијапред 23 часа
Пеп не е за „модерното време“, можеби и затоа е толку успешен (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……
-
Шпанијапред 7 часа
Анчелоти за номинациите за „Златна топка“: Го разбирам Родриго