Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонија остана на истата позиција на новиот ФИФА ранкинг

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација имаше една победа и едно реми во мартовските квалификациски натпревари за СП, а со овие резултати остана на истата позиција на ФИФА ранкингот како и минатиот месец.

Избраниците на Благоја Милевски со вкупно 1375 поени котираат на 67. место во светски рамки, позиција која е за едно место послаба од таа на Албанија, а со која сме пред Грузија, Финска и Босна и Херцеговина.

Нашиот следен противник Белгија остана на 8. место, додека Аргентина ја зголеми предноста на врвот по двете важни победи во квалификациите за СП.

Зад „гаучосите“ се Шпанија, Франција, Англија и Бразил, а меѓу европските селекции најмногу напредуваше Норвешка, која стигна до 38. место на ФИФА ранкингот.

Македонија следниот натпревар ќе го игра на 6. јуни против Белгија, а три дена подоцна му гостува на Казахстан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни