Македонија
ФФМ изрече двојна казна за Шкендија поради нечовечкото однесување во Тетово (Фото)

Натпрварот меѓу Шкендија и АП Брера се најде на ѕидот на срамот во цела македонска спортска јавност, а причина за тоа беше недоличното и нечовечко однесување од страна на навивачите на домашниот клуб.
Одредена група навивачи на Шкендија делеа свирежи и не ја испочитуваа минутата молк која беше дадена во чест на трагично загинатите млади лица во Кочани, па откако беше креирана една ужасна и срамна сцена во мак-фудбалот, ФФМ експресно најави дека ќе има жестока реакција.
Фудбалската Федерација ова попладне ја извести јавноста дека Шкендија како клуб добива двојна казна, а суспензија од шест месеци му е изречена и на делегатот на натпреварот кој се одигра во Тетово.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика.
Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.
Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.
Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.
Делегатот на натпреварот во Тетово не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и не постапил според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат и празнење на трибината во вакви случаи.
ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.
ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица.
Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето.
Расистичко, националистичко или било каков облик на дискриминаторско навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи.
-
Шпанија10 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА13 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони7 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Бордалас расплака играч на Хетафе, па порача: Ова е професионален фудбал