Лига на шампиони
ПСЖ покажа моќ во Битола, Еурофарм Пелистер стави крај на европското патување

Во натпревар без никакво резултатско значење и во кој се играше единствено за престиж, Еурофарм Пелистер успеваше да му парира на моќниот ПСЖ во првото полувреме, но македонскиот првак целосно потфрли во вторите 30 минути и на крајот се прости со убедлив пораз од новата епизода во Лигата на шампиони.
Битолчани успеваа да се држат и одржуваа минимална негатива, но ПСЖ почна да се одлепува во завршните минути од првиот дел и стана јасно дека избраниците на Раул Алонсо нема да можат да се носат со големиот фаворит.
Фактот што Еурофарм Пелистер немаше ниту едно водство во текот на 60-те минути доволно говори за вечерашниот натпревар, кој на крајот заврши со убедливи 26:35 за гостите од Париз.
Францускиот репрезентативец Пранди со осум гола беше нерешлива енигма за битолчани, Јахја постигна пет погодоци, додека светли точки во Пелистер беа Кузмановски со седум и Пешевски со четири погодоци.
Еурофарм Пелистер ја затвора оваа сезона во Лигата на шампиони со деветти пораз, а во овогодинешниот настап запиша и три победи и две реми средби, што секако е значителен напредок од минатата сезона.
-
Игри на среќа24 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Лига на шампиони12 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија24 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)