Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез направи грешка, Бањаја стави крај на серијата на Шпанецот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/ducaticorse

Франческо Бањаја максимално ја искористи грешката на најголемиот ривал Марк Маркез и стигна до прва победа во новата сезона на Мото ГП шампионатот.

Италијанецот триумфираше на трката за ГН на САД во Остин и ги израдува своите фанови, додека Маркез ќе чека следна шанса за нов триумф и мораше да се соочи со прекинување на победничката серија.

Почетокот ветуваше нова импресивна трка за Шпанецот, но грешката во деветтиот круг значеше излетување и доволно оштетување на мотоциклот, поради што Маркез не успеа да ја заврши трката на американска територија.

Бањаја во меѓувреме веќе му ја украде втората позиција на Алекс Маркез, па по падот на Марк, се најде на врвот и рутински ја задржа првата позиција до крајот на трката.

Покрај Бањаја и А.Маркез, место на победничкиот пиедестал имаше и за Фабио ди Џанантонио, а до десеттото место се пласираа Морбидели, Милер, Бецеки, Бастијанини, Марини, Огура и Квартараро.

По три трки, во генералниот пласман води Алекс Маркез со 87 поени, неговиот брат има еден поен помалку, додека Бањаја е на третото место со 75 поени.

Следниот гран-при викенд е закажан од 11 до 13 април во Катар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни