Поврзете се со нас

Меѓународни настани

Талентираниот кајакар Смилев има големи амбиции: Главна цел ми е една Олимпијада

Објавено

на

Министерството за спорт додели 500 стипендии на талентирани млади спортисти во нашата земја, а еден од оние кои заслужено добија солиден финансиски чек е и извонредниот млад кајакар, Кристијан Смилев кој е член на кајакарскиот клуб Бабуна.

Финансиската поддршка преку проектот „Спортска надеж“ е огромен потстрек за голем број македонски спортисти на возраст до 20 години, но талентот со најдобри резултати во кајакарството во Македонија има навистина големи амбиции и се стреми еден ден да заврши на Олимписки игри.

Како специјален гостин во студиото на „Спортското радио 90.3 фм“, Смилев проговори за тоа како се заљубил во кајакарството, но проговори и за своите цели кои навистина би било убаво да ги оствари во наредните 4 до 8 години.

– Кајакарството е многу популарно во Велес и добив голема желба и љубов да се испробам во овој спорт. Не можам да замислам еден ден без да влезам во кајакот, а тоа ми дава поттик да одам уште подалеку во овој спорт. Тренирам напорно и веќе остварив добри резултати, но желбите секогаш растат и сакате повеќе.

– За да стигнете до една Олимпијада, мора да имате голем континуитет на тренинг зад себе и треба да имате доста силни трки зад себе со квалитетни противници. Не може со една добра сезона да чекате резултат, потребно е искуство во овој спорт. Јас сум дел од кајакарството осум години, но се уште сум неискусен и дури сега почнувам да стекнувам искуство. Целта ми е да конкурирам за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028-ма година, или оние во 2032-ра за кои се уште не е дефинирано каде ќе се одржат, – вели младиот Смилев.

Негов придружник во студиото беше и тренерот Сашко Нацев, а целиот разговор може да го слушнете на следниот ЛИНК

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни