Поврзете се со нас

Балкан

Португалецот повторно се исклучи: Мурињо го фати за нос тренерот на Галатарасај (ВИДЕО)

Објавено

на

Фенербахче и Галатасарај оваа вечер имаа уште едно соочување и тоа во четвртфиналето на Купот, пресметка која им припадна на гостите со 2-1 со што му зададоа уште еден удар на големиот ривал пред кого имаат предност и во домашниот шампионат.

Осимен беше двоен стрелец за Галатасарај, додека пак Шимански погоди за домашниот состав.

На овој дуел освен три гола, жолти и црвени картони, имаше и една ситуација во која во главна улога се најде Жозе Мурињо. Португалецот знаел низ кариерата да се исклучи, па така беше и вечерва каде одлучи да го фати за нос противничкиот тренер Окан Бурук кој падна како покосен на тревникот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни