Поврзете се со нас

АТП

Испиша историја: Синер имаше сезона која е недостижна и за Ѓоковиќ

Објавено

на

foto: x.com/DavisCup

Јаник Синер на идеален начин ја заокружи 2024 година, со нов голем успех со италијанската репрезентација која стигна до трофејот во Дејвис Купот на завршниот турнир кој се одигра во Малага.

Во големото финале Италија ја доби Холандија, а вториот поен со кој беше потврдено славјето на „аѕурите“ беше дело на Синер кој рутински го надигра Талон Грикспор.

Со ова Јаник стана првиот играч во историјата на тенисот кој го освоил Дејвис купот, најмалку два грен слема и АТП завршниот турнир во иста сезона. Оваа 2024 година ја заврши со учинок 73-6 (победи/порази), односно е прв ас од 1993 година со славје на АТП финалето и Дејвис Купот (иста сезона).

Воедно Италијанецот е само втор тенисер по Рожер Федерер во 2005 година што успеал да ја заврши сезоната без ниту еден пораз во два одиграни сета.

На секој одигран меч во 2024 година освоил барем еден сет, а ги имаше 79 што е нешто што никогаш не им успеало ниту на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Оваа година ја завршува на првото место на АТП листата со дури 3.915 бодови повеќе од второпласираниот Саша Зверев што е уште еден податок за неговата доминација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни