Мото ГП
Марк ја доби битката на браќата Маркез и се погрижи за перфектен старт во Дукати (Видео)

Марк Маркез го комплетираше својот импресивен викенд во Тајланд и оствари двојна победа на патеката Бурирам, бидејќи по вчерашниот триумф на спринтот, Шпанецот беше најдобар и на главната трка.
Осумкратниот светски шампион стана првиот возач по Кејси Стонер кој победил на својата дебитантска трка во боите на Дукати, што е јасен сигнал дека Маркез ќе ја напаѓа титулата оваа година после неколку лоши сезони кои беа пропратени со тешки повреди.
Марк стартуваше од најдоброто место на денешната трка и мирно го бранеше врвот во првите неколку круга, но во седмиот поради одреден технички проблем ја загуби лидерската позиција од својот брат Алекс.
Во боксот на Дукати настана мала паника во тој момент, но на крајот испадна дека не станува збор за посериозен проблем, што направи Марк да го следи ритамот на својот помлад брат. Пеко Бањаја љубоморно ги следеше и ги пратеше двајцата браќа во текот на целата трка, но актуелниот шампион во ниту еден момент не успеа да се приближи доволно за напад.
Братската битка не ескалираше и очекувано се возеше многу внимателно, па во такви услови, поискусниот Марк го мина Алекс на четири круга пред крајот, а потоа лесно ја одбрани првата позиција и ја оствари првата победа во официјалниот тим на Дукати.
– Вчера бев среќен, но денеска сум уште повеќе. Да победам во Тајланд заедно со мојот брат е остварување на сонот, – изјави Марк кој на најдобар можен начин ја стартуваше новата сезона.
Покрај водечката тројка, битката за четвртото место денеска му припадна на Морбидели во дуелот со Огура, додека меѓу првите десет се најдоа уште Беѕеки, Зарко, Биндер, Бастијанини и Ди Џанантонио.
🚨 @marcmarquez93 TAKES THE LEAD! #ThaiGP 🇹🇭 pic.twitter.com/VuqJywAHmp
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 2, 2025
🏁 #MotoGP RACE 🏁 @marcmarquez93 CLAIMS A DOMINANT FIRST WIN WITH @ducaticorse 🏆#ThaiGP 🇹🇭 pic.twitter.com/3Xu6XE5wfv
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 2, 2025
-
Лига на нации20 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации21 час
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија16 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации20 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација11 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)