Поврзете се со нас

Боречки спортови

Василевски по доминацијата на таеквондо турнирот во Скопје: Очекував да освојам злато

Објавено

на

Македонските спортисти освоија десет медали на силнито таеквондо турнир кој се одржа во Скопје изминатиов викенд, а еден од оние кои се закитија со златен медал беше и Андреј Василевски.

Младиот македонски претставник беше најодбар во категоријата до 59 килограми и ја израдува спортската јавност во нашата земја, покажувајќи се во недопирливо светло за својата јуниорска конкуренција на Скопје Опен Г1.

Седумнаесетгодишниот Василевски испорача четири победи со идентични 2:0 против четири различни противници, а како што вели самиот во разговорот со „Спортско радио 90,3 фм“, најтешка му била првата борба против бугарскиот претставник.

– Очекував прво место, имав напорно тренинги и целта ми беше да освојам злато. Имав четири борби, првата борба беше со натпреварувач од Бугарија и победив во двете рунди.

– Во втората борба имав за ривал борец од Израел и исто така победив со 2:0, а во третата борба за ривал имав мој пријател и спаринг партнер од Македонија. И во третата борба славев со 2:0, а ист беше епилогот и во финалето во кое за противник имав Швеѓанец. Ако треба да бирам, може да се каже дека најмногу труд вложив во првата борба против Бугаринот, – изјави младиот Василевски, за кого ова е прво златно на Г1 турнирите во таеквондо, а воедно и најголем успех во кариерата.

Целиот разговор на Василевски од студиото на „Спортското радио 90,3 фм“ слушнете го на следниот ЛИНК

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни