Поврзете се со нас

Евролига

Звезда го загуби трилерот со Анадолу Ефес, Милано без Димитријевиќ потопен во италијанското дерби (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/kkcrvenazvezda

Кошаркарите на Црвена Звезда доживеаа пораз од Анадолу Ефес од 97:96 во најдраматичниот натпревар од денешната програма од 33. коло во Евролигата.

Средбата во Белград донесе дополнителни пет минути во кои турскиот тим беше подобар за еден поен (9:8) со тоа што мора да се каже дека домаќинот промаши шут за победа преку Милер-Мекинтајер.

Ова за турскиот претставник беше седмо славје во низа во која најголем придонесе имаше Брајант со 17 поени и 8 скока. Петрушев и Кенан за „црвено-белите“ искомбинираа 44 поени. Звезда со вечерашниот пораз официјално оди во плејин фазата, а за тоа заслуга има Виртус Болоња која ја разби Олимпија Милано без Ненад Димитријевиќ.

Четата на Ивановиќ триуфмираше со 90:70 и ги уништи сите шанса на „манекените“ за место во наредната фаза.

На другите два дуели, Олимпијакос беше подобра од Алба Берлин со 100:92 и Басконија го здроби Асвел со 111:75.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни