Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА ја призна грешката, Крос порача: Може ли сега да кажам дека сум европски шампион?

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Шпанија славеше на Европското првенство кое минатово лето се одржа во Германија, пат на кој најголем проблем им беше токму домаќинот кого го совладаа во четвртфиналето со голот на Микел Мерино во второто продолжение.

Меѓутоа токму овој меч донесе и една контроверзна ситуација при резултат 1-1, игра со рака на Марк Кукурелја во казнениот простор по ударот на Џамал Мусиала, потег кој не беше санкциониран на изненадување на сите љубители на фудбалот.

Имаше многу реакции, коментари за овој момент за да сега УЕФА по неколку месеци признае дека била направена грешка од судијата Ентони Тејлор, но и од арбитрите во ВАР собата.

УЕФА после три месеци призна дека Германија била сериозно оштетена против Шпанија (Фото)

Оваа вест допре до Тони Крос кој имаше коментар во свој стил.

-Им требаа три месеци да сфатат дека тоа беше играње со рака. Нешто што сите го видоа во една секунда. Фала, не е голем проблем.  Може ли сега да се наречам шампион на Европа, откако признаа дека направиле грешка? Не би рекол, -порачал пензионираниот Тони за „Релево“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни