Атлетика
Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најуспешните во 2024 година
Атлетската федерација на Македонија на свечена церемонија вчеравечер во Скопје ги додели наградите за најуспешните атлетичари во 2024 година.
Претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова е задоволна од постигнатите резултати.
– Горда сум што можам да застанам исправено пред вас, да дискутираме за напредокот и успесите на атлетиката, спортот со кој што пораснав, спортот за кој што живеам, спортот кој што ме дефинираше како личност и спортот кој што сакам да го видам на највисокиот пиедестал. 2024 беше година на нови рекорди, нови таленти и извонредни спортски резултати. Им се заблагодарувам на сите македонските атлетичари кои продолжуваат да ја предводат атлетиката во регионалните и европските натпревари, што даваат тежина на самата федерација, што го уважувате спортот и сигурна сум дека заеднички ќе продолжиме да креираме една убава заедничка приказна за атлетиката. Оваа вечер е прилика да ги наградиме најуспешните во сите категории,- истакна Војнеска-Зикова.
Признанијата беа доделени во следните категории:
Млади пионери – Тина Доневска, клуб : Работнички и Парис Златановски клуб: Куманово.
Пионери – Ева Митевска, клуб: Работнички и Дамјан Ѓоргиевски., клуб: Работнички.
Млади младинци – Лина Исени, клуб: Лириа и Брајан Авија, клуб: 7миМај.
Младинци – Mелиса Димитриоски, клуб: Дрини Старт и Владимир Битољану, клуб: Центар.
Сениори – Дрита Ислами; клуб: Работнички и Дарио Ивановски.
Признание за најуспешен атлетски клуб за 2024 година беше доделено на Атлетски клуб Делта од Скопје.
Признанието за најдобар тренер од Европската атлетска федерација во 2024 година му беше доделено на Алим Хајредини од АК Дрини Старт.
Признание за животно дело беше доделено на Мире Ивановски, легенда на македонската атлетика и долгорочен предводник на Атлетски клуб Вардар.
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП12 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација14 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија15 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…