Поврзете се со нас

ВТА

Руската тенисерка Касаткина во иднина ќе настапува под австралиско знаме

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/kasatkina

Русинката Дариа Касаткина во иднина ќе настапува под австралиско знаме, откако Австралија официјално го прифатила нејзиното барање за постојано живеење во оваа земја.

27-годишната тенисерка се спротивставуваше на ставовите на руската власт неколку години наназад, посебно критикувајќи ја својата татковина поради војната во Украина и односот кон ЛГБТ заедницата.

Касаткина откри дека е геј во 2022 година, последниот период живееше во Дубаи и речиси три години се нема вратено во Русија, а во иднина ќе ја претставува Австралија на турнирите на кои ќе настапува.

– Австралија е место кое многу го сакам, се чувствувам комотно и како да живеам дома. Уживам кога сум во Мелбурн и мојата намера е овој град да биде мојот нов дом.

– Горда сум што ќе ја претставувам Австралија како нова татковина во продолжение од мојата професионална кариера. Секогаш ќе имам почитување кон моите корени, но сега сум возбудена поради почетокот на едно ново поглавје во животот под австралиско знаме, – напиша Касаткина на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни