Поврзете се со нас

АБА лига

Нова голема победа: Будуќност ја реши и Црвена Звезда во Белград (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ABA_League

Будуќност игра навистина квалитетна кошарка во текот на оваа сезона, а уште една потврда за тоа добивме вечерва во Белград каде и земаа мерка на Црвена Звезда во рамките на 20. коло во АБА лигата.

Гостите од Подгорица славеа со 96:89 по дополнителните пет минути и сега имаат учинок 18-2 и го делат првото место на табелата со Партизан, состав кого исто го совладаа на негов терен во месец декември со 97:90.

Основниот дел заврши со резултат 80:80 и тоа откако домаќините направија серија од 8-0 во завршните три минути. Во екстра периодот беше 16-9 за гостите кои сосема заслужено дојдоа до победата во која петмина играчи беа двоцифрени, лидери беа Рајт со 19 и Сулаимон со 17 кошеви.

Петрушев со 17 беше прв стрелец кај Звезда.

На другата денешна средба Партизан го надигра Задар со 100:75.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни