Поврзете се со нас

Свет

Поповски со „четворка“ против Криенс

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Македонскиот интернационалец, Мартин Поповски беше меѓу подобрите играчи на Амичитија Цирих во поразот од Криенс-Луцерн во првата швајцарска лига.

Гостинскиот тим се покажа во извонредно светло, одигра ефикасно во двете полувремиња, односно воспостави ритам кој противникот не можеше да го следи и на крајот запиша триумф од 37:27 (18:14).

Поповски со учинок од четири гола од шест обиди беше втор стрелец кај поразените, најефикасен на мечот беше Сигрист со единаесет погодоци.

Сега за Цирих следи уште еден тежок предизвик, пресметка со лидерот Кадетен Шафхаузен.

Кога се во прашање македонските интернационалци, Мартин Томовски забележа пет одбрани во поразот на Потсдам од Хамбург (28:23) во германската Бундеслига.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни