Светски првенства
Мурињо во некарактеристичната честитка до португалските ракометари откри и нов скандал во турскиот фудбал (Фото)

Португалските ракометари испишаа историја со пласманот на завршницата на 29-то ракометно Светско првенство, па иако беа многу блиску до медал, на крајот мораа да се задоволат со четвртото место.
Ова е огромен успех за репрезентацијата која до пред десетина години речиси и да ја немаше на ракометната мапа, а со оглед на еуфоријата која се создаде, сега пристигна честитка и од Жозе Мурињо.
„Специјалниот“ во свој стил испорача некарактеристична честитка до новите национални јунаци, но тоа го направи со споделена фотографија која открива нов скандал во турскиот фудбал.
Мурињо во неколку наврати од стартот на сезоната порача дека Фенербахче се бори против цел систем во Турција, алудирајќи на помошта која ја добива Галатасарај во битката за титулата.
Жозе во својата објава сподели фотографија која открива дека не бил досуден чист пенал за Газиантеп во дуелот со Галатасарај изминатиот викенд, па играњето со рака го искористи за да се осврне на ракометна тема.
– На ракометното Светско првенство кое заврши во неделата, мојата Португалија брилијантно стигна до полуфиналето и сакам да им честитам за тавкото достигнување и влијанието кое го имаа ракометарите врз младинацата во нашата земја, – порача Мурињо.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план