Пливање
Еванжелиста и Жуис победници на Охридскиот пливачки маратон, Поп Ацев заврши на пиедесталот
Денешното 37-мо издание на Охридскиот пливачки маратон традиционално ја донесе на програмта 25-километарската делница од Св. Наум до градското пристаниште, а оваа година победници се Бразилец во машка, односно Французинка во женска конкуренција.
Бразилецот Матеус Еванжелиста беше најбрз денеска во водите на Охридското езеро и пристигна на целта за време од 5 часа, 45 минути и 5 секунди, додека зад него заврши Холанѓанецот Марсел Схауле кој оствари време од 5 часа, 46 минути и 50 секунди.
Веднаш зад него заврши најдобриот македонски маратонец Евгениј Поп Ацев, кој иако беше во игра за второто место, на крајот задоцни две секунди зад Холанѓанецот Схауле.
Тоа му овозможи на Поп Ацев да се искачи на пиедесталот и да запише уште едно одлично издание на Охридскиот маратон, на кој од година во година има се поголема конкуренција и во женска категорија.
Французинката Каролин Жуис беше најбрза кај дамите со време од 5 часа, 46 минути и 51 секунда, втора беше Мајте Пука од Аргентина, а трета Инес Делакроа од Франција.
-
АТПпред 22 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Лига на шампионипред 7 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Мото ГПпред 19 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Светпред 20 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Шпанијапред 9 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
Англијапред 18 часа
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……
-
Шпанијапред 9 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува
-
АТПпред 18 часа
Ѓоковиќ детално објасни зошто олимпиското злато е повредно од сите освоени 24 грен слем титули