Поврзете се со нас

АБА лига

Чудесен пресврт на „црно-белите“: Цедевита Олимпија загуби „добиен“ меч со Партизан (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ABA_League

Цедевита Олимпија го имаше Партизан во свои раце на вечерашниот меч во Белград, но домаќините со чудесен пресврт на крајот се изборија за конечно славје од 78:76 на средбата од 14. коло во АБА лигата.

Гостите од Словенија го започнаа последниот период со водство од 11 разлика (63:52), позитива која беше и плус 14 на почетокот на четвртата четвртина, меѓутоа домаќинот не се откажуваше и беше упорен, а таа упорноста донесе резултат.

„Црно-белите“ ги дочекаат завршни 40 секунди со негатива од 75:71 за да потоа дојде до „пенали“ на двете страни и резултат 76:73 на пола минута до завршување на мечот.

Џонс погоди тројка за Партизан на 20 секунди по што гостите имаа тајм-аут по кој направија огромна грешка, загубија топка која избраниците на Обрадовиќ ја искористија со кош на Вашингтон за 78:76.

Олимпија имаше осум секунди за последниот напад, Лемар и Николиќ имаа два обиди за три поени, двата беа неуспешни на огромно задоволство на домашните играчи и фанови.

Партизан заедно со Будуќност и Црвена Звезда има учинок 12-2 и е на делба на првото место на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни