Репрезентација
Селекцијата до 19 години ремизираше со Ерменија

Женската репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Ерменија во натпреварот од второто коло на квалификацискиот турнир од Б лигата (втора рунда) за пласман во А лигата на квалификации за Европското првенство.
Нашите млади фудбалерки не успеаа да ја остварат втората победа на турнирот по победата над Литванија во првото коло.
Анастасиа Илиевска во 63. минута погоди за предност на Македонија од 1:0. Радоста на нашите фудбалерки траеше само четири минути. Противникот успеа брзо да се врати во игра и преку Сајадиан успеа да го израмни резултатот.
Во последното коло, нашата селекција ќе игра против домаќинот Хрватска. Овој натпревар ќе се одигра на 7. април со почеток во 12:30 часот, на стадионот Карловац.
Македонија: Комненова, Јованоска, Ѓорѓиева, Веселинова, Симјанова, Додевска, Мехмеди, Јосифова, Митковска, Крстева;
Селектор: Астрит Мерко
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан24 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони