Билијард и Снукер
Снукер федерацијата лиценцираше шест нови тренери

Снукерот е еден од спортовите кој наиде на одличен прием кај македонската јавноста и по формирањето на соодветната федерација успешно се развива од година во година.
Денеска беше споделена вест дека по 2021 година, организирана е првата обука и лиценцирање на тренери за снукер.
– Еден од најбитните фактори за развој на секој спорт во Македонија е тренерскиот капацитет со кој располагаме и кој треба да вроди нов потенцијал на спортски надежи, а воедно да се изврши подигање на нивото и квалитетот на постојаните активни спортисти,– се вели во објавата.
Нотирано е дека федерацијата ги увидела сигналите кои ја креирале ваквата потреба за нови тренери, а тоа се зголемување на бројот на снукер маси низ државата, зголемувањето на интересот за тренирање кај нови снукер играчи, како и активното учество на нашите репрезентативци и неодамнешните успеси на отворенирте меѓународни турнири и Европското првенство.
– Двата викенд дена зад нас, на 22 и на 23 март, буквално од утринските до доцните часови, максимално беа искористени за држење на теоретски и практични предавања за техниките и фундаментите на снукерот, за на крајот да завршат со успешни положени тестови од сите шест кандидати,– соопшти Снукер федерацијата.
Новите национални тренери од класта 2025година кои се здобија со формални и практично знаење и со лиценца за тренери по снукер се:
1. Филип Нешкоски БСК Гранклуб – Скопје
2. Дане Тодоровски БСК Гранклуб – Скопје
3. Мартин Петрушевски БСК Гранклуб – Скопје
4. Кристијан Бојчовски БСК Гранклуб – Скопје
5. Сашко Каланоски Гранклуб – Охрид
6. Филип Каланоски Гранклуб – Охрид
Комплетниот настан беше организиран во соработка со Билјард Федерацијата, и паралено се организираше и обука и лиценцирање на билјард тренери на кој дополнително имаше кандидати и успешно го завршија курсот за нови национални тренери од различни краеви на Македонија.
Целиот настан беше воден под диригентска палка на ЕБСА меѓународниот тренер Лазар Лазаревски, со асистенција на националните и веќе искусни тренери Горан Ѓурчиновски и Петар Панов.
Ова е трет настан оваа година што доаѓа од снукер заедницата, откако се одигра Првиот турнир од новото национално првенство, а потоа младинците Марко и Теодор Величковски имаа забележителен настап на Европското првенство во Турција.
-
Италија15 часа
Гулит: Тоа што го доживеав во Милан пред неколку месеци беше ужасно
-
Англија23 часа
Невил за најавеното засилување за Јунајтед: Тие се очајни на таа позиција…(ВИДЕО)
-
НБА24 часа
Дончиќ си поигра со ѕвездата на Минесота, па порача: Заменете го (ВИДЕО)
-
Италија12 часа
Милан постигна три гола за финале и го остави Интер без сонот наречен „триплета“ (Видео)
-
Шпанија16 часа
Фиго: Тоа што му се случи на Анчелоти по елиминацијата од Арсенал беше апсурдно!
-
Шпанија17 часа
Како се прави ова: Вонсерискиот прием на Педри е топ тема во Шпанија (Видео)
-
Англија22 часа
Кин има интересен трансфер предлог за Де Брујне: Нема да мора…
-
Англија13 часа
Саха со „специјална“ титула за играч на Јунајтед: Тој е разочарување на сезоната!