Поврзете се со нас

АТП

Иванишевиќ за најтешката страна од соработката со Ѓоковиќ: Веќе не мора да работам ништо во тенисот

Објавено

на

Foto:instagram.com/goranivanisevicofficial

Горан Иванишевиќ беше верен соработник на Новак Ѓоковиќ од почетокот на минатата година и го следеше Србинот на сите големи турнири, а иако остварија огромни успеси заедно, често се наоѓаше и во ситуации кои изгледаа непријатно од перспектива на обичен гледач.

Ѓоковиќ доста често знаеше да му се изнавика на Иванишевиќ во моментите кога не пронаоѓаше вистински решенија на теренот, па иако стандардно се извинуваше за таквото однесување, Горан открива дека во ниту еден момент не сфаќал ништо лично.

Иако се разделија пред нешто повеќе од една година, Иванишевиќ и натаму е голем фан на големиот тениски рекордер, од чија соработка ги издвојува најтешката и најлесната страна.

– Најтешко е тоа што беше многу студиозен. Не дека не верувам во тоа, но некои работи не се само биомеханика. Тој сака да биде перфектен и кога сонцете му оди директно во очи додека сервира. Во таа секунда вие не го гледате топчето и сервирате напамет, но тој сака да биде перфектен и во таа ситуација. Тој е перфекционист и тоа беше за мене најтешко. И јас сум перфекционист, но знам да пронајдам некој баланс.

– Најлесно од соработката беше тоа што никогаш во животот не сум видел тенисер како него. Може да не допре рекет два месеци, а потоа доаѓа на терен и после пет минути игра како да не направил пауза. Изгледа како тие два месеци да тренирал по пет часа на ден.

– Такво нешто немам видено во животот, понекогаш останував хипнотизиран. Слободно можам веќе да не работам ништо во тенисот, бидејќи знам дека бев дел од најгплемиот во историјата, заедно остваривме многу рекорди. Дури и да му носев рекети, пак правев нешто и бев дел од неговата историја, – вели Иванишевиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни