Поврзете се со нас

Велосипедизам

Погачар се откажа од ОИ поради тоа што Словенците ја „заборавиле“ неговата девојка

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/giroditalia

Тадеј Погачар оствари голем успех со освојувањето на Тур де Франс, посебно што годинава успеа да стигне до овој престижен триумф откако претходно победи и на Џиро Д’Италија.

Словенецот влезе во историјата како еден од ретките велосипедисти на кои им успеало вакво нешто, но додека добиваше комплименти од спортската јавност, ги разочара спортските фанови во својата земја со информацијата дека нема да учествува на Олимписките игри во Париз.

Погачар ја објасни одлуката со премореноста и желбата да закрепне по напорната трка низ Франција, за само два дена подоцна да признае дека на неговото решение влијаел и фактот што неговата девојка не е селектирана за настап на Олимпијадата.

Негова партнерка е велосипедистката Уршка Жигарт, која била ставена во втор план од Олимпискиот комитет, а во Париз се испратени две други словенечки репрезентативки кои немале подобри резултати од неа на меѓународните натпревари.

– Тоа не е главна причина, но секако дека влијаеше на мојата одлука. Мислам дека го заслужи нејзиното место, таа е двојна шампионка на велосипедските улични трки и хронометрите. Без нејзините резултати Словенија ќе немаше две места на олимпијадата, – изјавил Погачар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни