Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Величковски ја мина групната фаза на ЕП во снукер

Објавено

на

Младинскиот првак на Македонија во снукер, Теодор Величковски, настапи на Европското првенство кое се игра во Турција, при што стана првот наш играч кој ја поминал групната фаза на едно вакво големо натпреварување.

Играјќи во конкуренција на играчи до 16 години, тој успеа во „Група Г“ со победи над фаворизираниот Ирец, Лиам Дун, како и над Турчинот Омер Кан Билтри. Во првиот меч успеа да направи пресврт при водство на противникот од 0:1, додека во вториот меч издоминира со 2:0.

Бидејќи загуби од Ерменецот Михаел Нерсисјан, беше рангиран на 35 место од вкупно 72 играчи, поради што играше бараж за влез во елиминациската фаза – каде што имаше резервирано место за најдобрите 32 играчи. За жал, во овој меч беше поразен од украинскиот репрезентативец Матвеи Лагодзински, кој продолжува понатаму.

Теодор ќе ги продолжи натпреварите играјќи и во категоријата за играчи до 18 години, каде што ќе настапи и неговиот постар брат, Марко Величковски. Тие двајцата во нациналното младинско првенство ги поделија првото и второто место се единствени кои отпатуваа на ова ЕП да ја претставуваат нашата земја, каде што билијардските спортови бележат огромен подем.

 

 

 

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни