Поврзете се со нас

Македонија

Уште едно бундеслигашко засилување за ГРК Охрид

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Амбициозниот македонски прволигаш ГРК Охрид продолжува со потези кои најавуваат доста квалитетен и силен тим од натпреварувачката 2025/2026, односно договорено е уште едно засилување од Бундеслигата.

Имено нов член на „гладијаторите“ е левиот бек од Хрватска, Анте Иванковиќ. Иванковиќ е играч кој во новата средина доаѓа од редовите на германскиот состав Штутгарт за кого настапува во изминативе две сезони.

Претходно го носеше дресот на Цеље и на Дубрава, па дефинитивно ќе биде значајно освежување за Охрид.

Нов тренер на прволигашот ќе биде Борис Ројевиќ, додека официјализирани беа и потписите на Тилен Стрмлјан и Предраг Вејин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни