Формула 1
Вилнев: Во Ферари знаат дека се во голема неволја

Тандемот Шарл Леклер-Луис Хамилтон не успеа да го подобри впечатокот од претходните трки во денешните квалификации во Јапонија, а поранешниот светски Формула 1 шампион, Жак Вилнев, смета дека италијанскиот тим е свесен за своето заостанување зад ривалите.
Леклер ќе стартува од четвртата, а Хамилтон од осмата позиција на утрешната трка, што е доказ за уште еден просечен настап на Ферари и не дава голема надеж кај фановите во однос на главниот настан на „Сузука“.
– Во Ферари знаат дека се во голема неволја и не знаат како да се подобрат.
– Гледаат како ривалите одат напред, ги подобруваат перформансите, тоа не е воопшто добро за Ферари, – изјавил Вилнев, кој ја освои Ф1 титулата во 1997 година со Вилијамс.
Црвените болиди го загубија пласманот на трката во Кина поради казни за технички недостатоци, додека најдобар момент за тимот сезонава е првото место на Хамилтон на спринт трката во Шангај.
-
Шпанија17 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА17 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
НБА14 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони15 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија12 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Англија13 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Македонија12 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)