Поврзете се со нас

Италија

Фудбалер на Јувентус предизвика многу реакции со коментарот за интервјуто на Мота

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfc

Тиаго Мота во интервју за „Кориере дела Сера“ првпат јавно ги коментирал случувањата во редовите на Јувентус, каде изминатиот период заработи отказ и беше експресно заменет со Игор Тудор.

Веќе поранешниот тренер на „бјанконерите“ зборувал за резултатите, односот со играчите и причините за послабите резултати во периодот пред да биде отпуштен.

Меѓу другото, Мота потенцирал и дека не се точни наводите дека соблекувалната се свртела против него и може да биде критикуван како тренер, но не и како човек, бидејќи никогаш немал конфликт со некого во својата кариера.

Мота го прекина молкот и го посочи играчот за кој посебно жали што го продал: Направивме грешка

Интересен, иако индиректен одговор стигна од еден од неговите досегашни фудбалери, односно од искусниот Матија Перин кој со еден потег на социјалните мрежи подигна прашина на „чизмата“.

– Секој од нас е архитект на својата иднина, – напиша Перин, а фановите и медиумите протолкуваа дека пораката е одговор на изјавите на Мота во споменатиот медиум.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни