Поврзете се со нас

Одбојка

Наковски Волеј го освои трофејот во Купот на Македонија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/volleyballmkd/Mihailov photo & video

Составот на Наковски Волеј е освојувач на трофејот во Купот на Македонија и тоа откако во завршниот меч на турнирот во Радовиш ја доби драмата со Јанта Волеј Кисела Вода.

Голема борба за водеше во салата „25. Мај“, се играат пет сета во кои на крајот подобро се снајдоа избраничките на Александар Митев за огромна радост.

Откако двете екипи си ги поделија првите четири сета (16-25, 25-18, 10-25, 25-21) се влеза во решавачка борба во која екипата на Наковски Волеј беше за нијанса подобра и со 15-13 дојде до прв исторски трофеј во оваа конкуренција.

Машкото финале меѓу Штип УГД и Струмица е закажано за 19 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни