Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ од очај до сјај на еден натпревар, Голден Стејт го надигра и Денвер (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/Lakers

Лука Дончиќ имаше кошмарно издание против Голден Стејт пред само 24 часа и самиот беше доста критички настроен кон себе, но откако влезе катастрофално и на натпреварот со Њу Орлеанс, во продолжение успеа да реагира и да биде најдобар поединец на паркетот.

Словенецот го почна натпреварот против Пеликанс со 0 погодоци од 6 обиди, меѓутоа покажа доволно карактер за да се прибре и да стигне од очај до сјај во само неколку четвртини.

Дончиќ беше предводник на својот тим во второто полувреме и го заврши натпреварот со 35 поени, но фантастични беа и Ривс со 30 и Леброн Џејмс со 27 поени.

Лејкерси се вратија на победите и триумфираа со 124:108, па сега ситуацијата на Западот станува значително драматична, бидејќи во дербито на вечерта, победа оствари и Голден Стејт над Денвер.

„Воините“ врзаа петта победа во низа во клучна фаза од регуларниот дел од сезоната, па сега ги дели само една победа од третото место на Лејкерс.

Голден Стејт го одбрани домашниот терен со триумф од 118:104, и тоа во натпревар во кој повторно блескаше Стеф Кари со 36 постигнати поени. Извонредно добар на спротивната страна беше и Никола Јокиќ, но Србинот кој уфрли 33 поени, 12 скокови и 9 асистенции не доби поддршка од соиграчите.

НБА резултати:

Индијана – Јута 140:112
Шарлот – Сакраменто 102:125
Бостон – Феникс 123:103
Торонто – Детроит 105:117
Хјустон – Оклахома 125:111
Сан Антонио – Кливленд 113:114
Чикаго – Портланд 118:113
Голден Стејт – Денвер 118:104
ЛА Клиперс – Далас у 114:91
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 124:108

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни