Поврзете се со нас

Европски купови

Лазаров: Мора да бидеме многу претпазливи, Баја Маре е екипа со искусни играчи

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Ракометарите на Алкалоид во недела ќе го одиграат реваншот со Баја Маре во четвртфиналето на Европскиот куп, а по ремито на првата средба, македонскиот претставник посакува победа за потврда на пласманот меѓу четирите најдобри екипи.

Тренерот Кире Лазаров денеска на прес-конференција го најави реваншот со романскиот ривал, истакнувајќи дека тој и неговите избраници ќе бидат максимално претпазливи против незгодниот противник.

– Овој меч е со големо значење како за клубот, така и за македонскиот ракомет и спорт и многу претпазливо ќе влеземе во реваншот со Баја Маре. Сакам да ја искористам приликата да им честитам на моите играчи за сето она што го доживеаја и поминаа пред, за време и по мечот против една незгодна романска екипа и начинот кој се функционира кога се игра на гостински терен.

– Многу сум претпазлив и немирен за тоа што ни следи в недела. Ќе се обидеме да се соземеме, да одиграме еден квалитетен натпревар. Секој нивни старт беше на раб на исклучување а само двапати добија исклучување. Се работи за екипа со многу странци кои имаат големо искуство, очекувам и силна поддршка од нашите навивачи, – истакна Лазаров.

Првиот натпревар заврши со резултат 31:31, а реваншот се игра во недела од 19 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни