Поврзете се со нас

Балкан

Турската федерација му изрече казна на Мурињо за инцидентот на дербито

Објавено

на

foto: x.com/Fenerbahce

Дисциплинската комисија на Турската фудбалска федерација му изрече суспензија на Жозе Мурињо, кој имаше физички контакт со колегата Окан Бурук на дербито меѓу Галатасарај и Фенербахче во рамките на турскиот куп.

Фенер загуби во тензичен натпревар, а по крајот на средбата Мурињо го повлече за нос тренерот на Галата, по што Бурук се најде на тревата, а присутните на теренот спречуваа уште поголем инцидент.

Поради ова Мурињо ќе паузира на три натпревари, на кои Фенербахче ќе треба да го водат неговите асистенти, а од федерацијата објавиле и зошто Португалецот не добил поголема казна.

Дисциплинците го протолкувале однесувањето на Бурук како провокативно, па затоа и Мурињо поминал полесно во одредувањето на должината на суспензијата.

Португалецот повторно се исклучи: Мурињо го фати за нос тренерот на Галатарасај (ВИДЕО)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни