Карате
„Макпетрол“ со три медали на првиот ден од Балканското карате-првенство

Јована Мицовска, членка на скопски „Макпетрол“ како дел од македонската репрезентација освои златен медал на Балканското карате-првенство.
На сениорскиот шампионат што викендов се одржува во Будва, таа во финалето во категоријата до 61 килограм ја совлада Викторија Јовановска, исто така, од „Макпетрол“, со резултат 4-3. Освен злато за Мицовска и сребро за Јовановска, уште еден член на скопската екипа се закити со одличје, односно Ангела Мојсовска освои бронза.
– Задоволни сме од настапот на нашите каратистки по првиот ден на Балканското сениорско првенство. Каратистките на „Макпетрол“ кои се дел од репрезентацијата на Македонија, од три настапи освоија и три медали – еден златен (Јована Мицовска), еден сребрен (Викторија Јовановска) и еден бронзен (Ангела Мојсовска). Особено сум задоволен од пристапот и нивната борбеност и желба за успех која ја искажаа во сите борби со најквалитетните каратистки од сите балкански држави – истакна Петар Заборски, тренер на „Макпетрол“.
На Балканското сениорско првенство што се одржува викендов во Будва, Црна Гора, учествуваат 12 држави со 337 спортисти.
Во секоја тежинска категорија право на настап имаат најдобрите четири спортисти од секоја држава. За многу земји од регионот Балканското првенство значи и критериум за влез во националните репрезентации за претстојното Европско сениорско првенство.
-
Формула 114 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија10 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија8 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства9 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)