Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал Мадрид очекува суспензија за еден играч за дуелот со Арсенал

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид ќе се соочи со Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а шпанскиот клуб стравува дека ќе остане без важен првотимец на првата средба со „топчиите“.

УЕФА утре треба да ја соопшти одлуката на дисциплинската комисија за случајот во кој поведе истрага за недолично однесување на четири играчи на Реал.

Истрага се води за потезите на Килијан Мбапе, Винисиус, Дани Себалјос и Антонио Ридигер по завршувањето на реваншот со Атлетико Мадрид во претходната фаза, но во Реал сметаат дека закана за суспензија има само за германскиот дефанзивец.

Потегот на Ридигер се смета како порадикален и можно е да повлече суспензија на еден натпревар, додека останатите тројца веројатно ќе поминат со опомена.

Во истрагата беше вклучен и Атлетико, клубот кој поради незадоволството од однесувањето на играчите на Реал испратил видеа со нивните потези до УЕФА.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни