Билијард и Снукер
Василевски и Лонгони издоминираа во билијард првенствата
Викендов во Скопје се одржа Екипното првенство на Македонија во билијард, на кое настапија 21 тим, при што во секој од нив според пропозициите имаше по тројца регистрирани играчи.
Победници се „Лонгони“ од Битола, кои во финалето го совладаа „Гран клуб“ од Скопје. Третите места им припаднаа на поразените екипи во полуфиналните дуели „Голден бол“ од Тетово и „Пауер бол“ од Струмица.
Со ова, шампионот во поединечна конкуренција, Христо Василевски, кој е член на „Лонгони“ успеа да ги обедини титулите и со „двојна круна“ да ја заврши сезоната.
Младинецот Андреј Ѓурчиновски кој има само 13 години беше негов најголем ривал поединечно и на крајот од сезоната обајцата имаа ист број поени, поради што за прв пат во историјата на државните првенства се играше „мајсторка“ која одлучуваше за титулата.
Илија Димоски од Битола за прв пат стана младински првак во билијард. Тој заедно со Ѓучиновски освои петто место на Европското првенство во билијард за младинци.
На крајот од сезоната беа прогласени и најдобрите од Б-дизвизијата, при што четирите првопласирани предводени од Златко Ицановски идната сезона ќе се натпреваруваат во А-дивизијата.
-
Англија8 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија24 часа
Мамардашвили со катастрофална реакција ја остави Валенсија без победа во Севилја (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија10 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Италија15 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Англија13 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите
-
Шпанија12 часа
„Ламбрета магија“ на „Ла Росаледа“: Играч на Депортиво го изведе дриблингот кој не му успева на Винисиус (Видео)