Поврзете се со нас

Европски првенства

Кукурелја за најспорниот момент на ЕП: Ги наполнив гаќите, но судијата Тејлор ми должеше една услуга!

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Марк Кукурелја имаше извонредно Европско првенство и беше еден од играчите кои најмногу изненадија на турнирот во Германија, натпреварување кое беше одбележано и од еден голем судиски превид во четвртфиналето.

УЕФА неколку месеци по крајот на Европското првенство призна дека Германија била оштетена во четвртфиналето со Шпанија и не бил досуден чист пенал во продолженијата, а главен актер во целата ситуација беше Марк Кукурелја.

Шпанецот ја блокираше топката со својата рака по ударот на Џамал Мусиала, па иако беше очигледно дека раката има неприродна положба, Антони Тејлор и луѓето во ВАР решија да не се огласуваат.

Овој момент беше единствената дамка за шпанскиот тим на извонредното Европско првенство кое го одиграа, а Кукурелја сега во разговорот со Давид Бронкано признава дека ги „наполнил гаќите“ во моментите кога ја удрил топката со рака.

– Морам да признаам дека ги наполнив гаќите кога топката удри во мојата рака. Судијата беше Англичанец и имаше манија да ме прогонува од Премиер лигата. Имавме неколку расправии и беше јасно дека ми должи една услуга. Го погледнав во очи и тој ми кажа „Не“. Добро е што беше така, ќе бев најомразената личност во Шпанија, – вели Кукурелја.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни