Поврзете се со нас

Европски купови

Алкалоид му одржа лекција на Баја Маре и обезбеди полуфинале во Европскиот Куп

Објавено

на

Ракометарите на Алкалоид му одржаа лекција на романски Баја Маре и обезбедија пласман во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ.

Македонскиот прволигаш беше многу блиску до победа и на првиот меч на гостински терен (31:31), но вечерва покажа и потврди дека е подобар тим од Баја Маре и славеше со 32:25, резултат кој го носи на битка со Рунар од Норвешка, тим кој во четвртфиналниот двомеч беше подобар од Олимпијакос со 64:60.

Што се однесува до вечерашната пресметка во Скопје, избраниците на Кирил Лазаров имаа моќно прво полувреме во кое постигнаа 18 голови и се изборија за предност од шест разлика (18:12). Нашиот претставник беше мирен во преостанатиот дел, знаеше што сака во вторите 30 минути и ја потврди победата за историско полуфинале на клубот во ова европско натпреварување.

Петковски со 7 гола беше лидер на листата на стрелци, голманот Галевски имаш 9 одбрани и даде 2 погодоци. Кумпаничи со 8 гола беше најефикасен кај поразените.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни