Евролига
Шортс забележа дабл-дабл против Реал, Едвардс со два рекорди до историска вечер во Евролигата (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс забележа дабл-дабл учинок во пресметката со Реал Мадрид, но и таа негова партија не беше доволна за Париз да оствари позитивен резулат на вечерашното гостување во шпанската престолнина во рамките на 33. коло во Евролигата.
Во ефикасен меч кој донесе 209 поени по 40 минути игра, „кралевите“ дојдоа до супер значајна победа од 105:104. Пресудна за триумфот на Реал беше последната четвртина која ја доби со 31:24. Најзабележителни кај домаќините беа балканските ѕвезди Хезоња и Муса кои заедно искомбинираа 46 поени, додека Шорт на спротивната страна уфрли 24 поени со 10 асистенции, 1 скок, 2 украдени топки и 4 изнудени фаули.
Човек на вечерва во Евролигата беше членот на Баерн Минхен, Карсел Едвардс кој со своето издание испиша нова страница/страници од историјата на ова натпреварување. Тој имаше лудо издание во третиот период против Макаби Тел Авив, па собори два рекорди, стана играчот со најмногу постигнати тројки во една четвртина (8) и играч со најмногу дадени поени (26).
Carsen Edwards just broke 2 EuroLeague records in one quarter 🚨@FCBBasketball
☔️ Most three pointers in one quarter: 8
😱 Most points in one quarter: 26 pic.twitter.com/as35pnwimy— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) April 3, 2025
Тој на крајот заврши со 33 кошеви, меѓутоа неговиот Баерн беше непријатно изненаден и загуби во Белград со 93:90.
Жалгирис му пресуди на Партизан во Евролигата, разиграниот Нан го суреди Монако (ВИДЕО)
-
Италија15 часа
Гулит: Тоа што го доживеав во Милан пред неколку месеци беше ужасно
-
Англија23 часа
Невил за најавеното засилување за Јунајтед: Тие се очајни на таа позиција…(ВИДЕО)
-
Италија12 часа
Милан постигна три гола за финале и го остави Интер без сонот наречен „триплета“ (Видео)
-
Шпанија17 часа
Фиго: Тоа што му се случи на Анчелоти по елиминацијата од Арсенал беше апсурдно!
-
Шпанија18 часа
Како се прави ова: Вонсерискиот прием на Педри е топ тема во Шпанија (Видео)
-
Англија22 часа
Кин има интересен трансфер предлог за Де Брујне: Нема да мора…
-
Англија14 часа
Саха со „специјална“ титула за играч на Јунајтед: Тој е разочарување на сезоната!
-
Англија16 часа
Челси го краде новопочениот шпански репрезентативец „пред носот“ на Реал