Поврзете се со нас

Европски купови

ЕХФ пресече, Партизан и АЕК сепак ќе го играат реваншот од Европскиот куп

Објавено

на

Фото: https://x.com/PartizanRK

Партизан и АЕК вчера не го одиграа реваншот од четвртфиналето во ракометниот Европски куп, а причина беше реакцијата на гостинските ракометари кои одбија да се вратат на теренот по употребата на пиротехнички средства од страна на домашните фанови.

Скандалот на „Бањица“ очекувано стигна и до одговорните комисии во Европската ракометна федерација (ЕХФ), па денеска е донесено решение за судбината на оваа средба.

ЕХФ им наложи на Партизан и АЕК да го одиграат натпреварот, но на неутрален терен, на локација која ќе биде дополнително утврдена и која нема да биде во некоја од овие две земји.

Европската централа потенцира дека реваншот веројатно ќе се игра и без присуство на публика, а паралелно ќе биде разгледана и одговорноста на клубовите за настанувањето на ваква ситуација, што може да донесе и казни за двете страни.

АЕК има предност од првиот натпревар на кој победи со 27:22, па се чини дека новото сценарио повеќе оди во прилог на грчкиот клуб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни