МАГАЗИН
Отворен нов спортски центар во Кавадарци

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска свечено го отворија новиот спортски центар во Средното општинско училиште „Киро Спанџов – Брко“.
Овој нов спортски комплекс ќе им овозможи на младите подобри услови заспортување, развој на нивните таленти и промоција на здравиот начин на живот. Во склоп на спортски центар во Кавадарци изградено е фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со полипропиленски под и просторот е опремен со урбана опрема за спорт и рекреација.
-Продолжуваме со реализација на проектите што ни се зацртани како приоритетни цели со инвестиции во спортот и во спортската инфраструктура. Ова е уште еден проект кој Министерството за спорт го реализира со цел да се подобри спортската инфраструктура низ целата држава. Вложувањето во спортот е вложување во иднината на нашите млади генерации. Нашата цел и заложба на младите да им обезбедиме услови за да се посветат на спортот, да го развиваат својот талент и да негуваат вистински спортски вредности- истакна министерот Ристовски.
Министерството за спорт продолжува со стратегиските инвестиции во спортската инфраструктура со цел создавање современи спортски објекти низ Македонија, достапни за сите граѓани, особено за младата популација како основа за подобри спортски резултати и подигнување на македонскиот спорт на повисоко ниво.
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони10 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија8 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони10 часа
Анри објасни зошто Халанд не може да се споредува со Мбапе
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег
-
Лига на шампиони20 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…