Меѓународни настани
Ристовски гостин на Младинските спортски игри во Сплит: Наша заложба е Македонија да стане дел од овој настан

Министерот за спорт Борко Ристовски со дел од неговиот кабинет, присуствуваше како специјален гостин на завршницата од Младинските спортски игри што се одржа од 19 до 23 август во Сплит, Хрватска.
За време на престојот во Сплит, Ростовски оствари повеќе билатерални средби со неговите колеги, претставници на владите од регионот, со евроамбасадорот Јоханес Хан, истакнати поранешни спортисти и спортски работници.
– Нашата заложба е и младите спортисти од Македонија во иднина да станат дел од овој најголем младински спортски настан во Европа кој ги поврзува младите од регионот. Младинските спортски игри се позитивен пример за регионална соработка поради вниманието што го посветуваат на обединување на децата и младите преку спортот и промовирање на спортот и спортскиот начин на живот – истакна министерот Ристовски.
На Спортските младински игри во Сплит присуствуваа и министерот за туризам и спорт на Република Хрватска, Тончи Главина, министерот за спорт на Република Србија, Зоран Гајиќ, министерот за економија, спорт и туризам на Република Словенија, Матијаж Хан, министерката за образование и наука на Босна и Херцеговина, Јасна Дураковиќ, како и повеќе сегашни и поранешни спортисти меѓу кои и Предраг Мијатовиќ, Мехмед Баждаревиќ, Шиме Врсаљко, Александар Коларов, Дарио Срна, како и претставници на спонзорите и јавни личности од регионот и од Европа.
Спортските младински игри се најголем младински спортски настан во Европа кој во 28-годишното постоење ги збогати животите на повеќе од 3 милиони деца и млади од земјите во регионот со промоција на спортот и спортскиот начин на живот. На годинешната завршница на игрите во Сплит настапија 824 учесници, деца и младинци од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и од Словенија кои се натпреваруваа во 10 спортски дисциплини за титулата „Меѓународни победници“.
Шиме Врсаљко и Александар Коларов беа прогласени за нови амбасадори на Младинските спортски игри. Младинските спортски игри се единствениот настан во регионот што е влезен во програмата на Фондацијата за деца на УЕФА, предводена од Александар Чеферин, претседател на УЕФА и еден од амбасадорите на Игрите.
-
Италија9 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија10 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија11 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Свет7 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија10 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија4 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Балкан8 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)