Италија
Играч на Милан направи катастрофална грешка, Консеисао го извади во 23. минута! (Видео)

Милан одново имаше ужасен влез на еден фудбалски натпревари и прими два гола во првите 10 минути на мечот со Фиорентина, негатива која успеа да ја анулира, но недоволно за да освои три бода.
„Росонерите“ одговорија по почетниот шок и се изборија за 2:2, но тоа се случи откако Сержо Консеисао целосно го промени системот уште во раната фаза на натпреварот.
Јунус Муса направи катастрофална грешка и ја подари топката на противникот во акцијата која водеше до голот за 0:1, па откако Милан прими и втор гол во 10-та минута, Консеисао брзо реагираше и го извади играчот за врска по само 23 минути.
Овие одлуки секогаш влијааат негативно врз самите фудбалери, но Муса не правеше голема драма и беше пофален од Консеисао за таквото прифаќање на ситуацијата.
– Муса испрати позитивни сигнали во текот на неделата, беше свеж и многу добар на тренинзите. За жал, во фудбалот работите знаат брзо да се променат.
– Доста брзо сфатив дека овој натпревар не е добар за него и решив да го извадам. Неговата реакција беше добра и за поздрав. Тој има квалитет, станува збор за добро момче, но понекогаш има вакви натпрвари во фудбалот. Не е често, но знаат да се случат и вакви работи, – изјави Консеисао.
still doing understand what musah was planning to do here.. pic.twitter.com/WJoNMmtoPP
— Inside Milan (@_InsideMilan) April 6, 2025
-
Шпанија17 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Македонија12 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар