Германија
Баерн соопшти ужасни вести по направените детални прегледи над Мусиала (Фото)

Повредата која ја заработи Џамал Мусиала не ветуваше ништо добро уште во моментот кога го напушти теренот на гостувањето во Аугзбург, а 15 часа подоцна, баварскиот великан само го потврди сценариото од кое стравуваа сите во клубот.
Извонредниот офанзивен фудбалер кој вчера го најави пресвртот на баварците се пожали на големи болки во задната ложа и го напушти теренот со загрижувачки гримаси, а по направената магнетна резонанца, беше потврдено најнепосакуваното сценарио.
Не само што ќе го пропушти двомечот со Интер во Лигата на шампиони, Мусиала најверојатно ќе биде во аут до крајот на сезоната, бидејќи резултатите покажале дека се работи за кинење на мускулно влакно.
Во такви ситуации, времето за задравување варира од шест до осум недели, па Мусиала би бил подготвен за настап само во случај Баерн да се пласира во големото финале во Лигата на шампиони.
Ова е само еден од серијата удари кои ги доби Венсан Компани во краток временски интервал пред четвртфиналето со Интер, откако претходно поради повреди остана и без Ито, Упамекано и Дејвис.
ℹ️ FC Bayern will be without Jamal Musiala for the time being after the attacker suffered a torn muscle fibre in our win against Augsburg.
Speedy recovery Jamal! 🙏❤️🩹 pic.twitter.com/aphxDc7rsa
— FC Bayern (@FCBayernEN) April 5, 2025
-
Шпанија20 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА17 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА20 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони18 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија15 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Англија16 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…
-
Македонија16 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар