Поврзете се со нас

Италија

Милан се разбуди по почетниот шок, но не успеа да направи пресврт против Фиорентина (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/acmilan

Фиорентина имаше одличен почеток на дербито со Милан, но не успеа да ја задржи предноста до крајот на натпреварот (2:2) од Серија А.

Тиао постигна автогол уште во 7. минута, за три минути подоцна Кеан да зголеми на 0:2 и да ги шокира домашните фанови на „Сан Сиро“, носејќи голем предизвик за тимот на Серџо Консеисао.

Од тој момент Милан почна да игра поофанзивно, а Ејбрахам ги врати „росонерите“ во игра веќе во 23. минута, а на израмнувањето се чекаше до 64. минута кога резервистот Јовиќ претвори одлична асистенција на Фофана за 2:2 во Милано.

До крајот, Де Хеа имаше неколку одлични одбрани, возвраќаше и Мењан на другата страна, а голот на Додо во финишот беше поништен поради офсајд утврден со ВАР проверката.

Со денешниот бод, Фиорентина стигна до 52 бодови, колку што имаат и Рома и Лацио со натпревар помалку, додека Милан има 48 бодови.

Головите можете да ги видите ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни