Поврзете се со нас

Свет

Галатасарај со брутален сеир по последниот испад на Жозе: Мурињо заврши во лудачка кошула (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce

Фенербахче полека се наоѓа пред невозможна мисија да освои трофеј оваа сезона, а тоа направи да видиме четири црвени картони на натреварот кој беше можеби и клучен за тимот кој го води Жозе Мурињо.

Големата дерби пресметка меѓу Фенербахче и Галатасарај донесе огромна тензија и драма во која видовме четири црвени картони, од кои еден беше и за искусниот португалски стручњак.

Португалецот повторно се исклучи: Мурињо го фати за нос тренерот на Галатарасај (ВИДЕО)

Мурињо го фати за нос противничкиот тренер Окан Бурук и потсети на некои дамнешни времиња кога знаеше да направи хаос во Шпанија, но тоа послужи и како инспирација за Галатасарај да направи брутална анимација.

Турскиот шампион реши да му фаќа голем сеир на легендарниот тренер кој води жестока „војна“ со „лавовите“ од првиот ден кога пристигна во Турција, па последната негова епизода им послужи за изработка на видео во кое јасно се исмева Мурињо.

Жозе е прикажан како лик кој има кошмари од успесите на Галатасарај над неговиот Фенербахче, па на крајот е прикажан и како човек кој завршил во лудачка кошула……

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни