Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Најдоброто од најдобрите: Проектилот на „Фитиљ“ се најде во топ листата на ЛШ (Видео)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Еурофарм Пелистер минатата недела стави крај на своето европско патување за оваа сезона, а во период кога се очекува главното разигрување во Лигата на шампионите, ЕХФ прави мал збир на најдобрите моменти од групната фаза.

Македонскиот првак направи значителен напредок оваа сезона и забележа три победи во битките со најдобрите тимови во Европа, но ако треба да се издвои еден поединец кој беше најконстантен, тоа дефинитивно е капитенот.

Филип Кузмановски влезе во посакувана форма како член на Еурофарм Пелистер и прерасна во лидер на битолчани, а од низата блескави голови кои ги постигна во Лигата на шампионите, еден се најде на специјална листа.

ЕХФ го избра најдоброто од најдобрите во Лигата на шампиони, па така најде место и за Кузмановски во топ десет листата од најубави голови во групната фаза.

Популарниот „Фитиљ“ се најде на осмото место, а причина за тоа е „проектилот“ кој го испали и испрати во мрежата на Динамо Букурешт.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни